Новата градоначалничка сподели фотографија со сопругот: Знаевме дека заедно можеме наспроти сите неправди

Во понеделник, на 8. ноември Данела Арсовска и официјално ќе го преземе градоначалничкиот мандат за Град Скопје, кога на свечен чин ќе биде извршено примопредавањето. 

Изборната комисија на Град Скопје вчера и го врачи Уверението за избор на градоначалник, со што Град Скопје доби жена градоначалник за првпат од независноста на државата.

Во првиот круг од локалните избори, Арсовска беше во водство од 7 915 гласови, а во вториот круг, разликата беше значително поголема, со предност од 28 130 гласа пред својот противкандидат. 

Денеска таа објави фотографија на својот фејсбук профил заедно со сопругот Ангел, и напиша: 

-Во септември со храброст и одлучност знаевме дека заедно можеме наспроти сите неправди. Знаевме и дека оваа слика ќе биде спомен дека заедно верувавме во успех уште од првиот ден. Убедливо победивме.Убав ден Скопје, убав ден Македонијо.