Сливниците кои беа украдени во Карпош 1, се заменети со нови (фото)

ЈП Водовод и канализација ве информира дека сливниците кои беа украдени од несовесни граѓани пред неколку дена, кај детската амбуланта во Карпош 1, веднаш се заменети со нови.

-Ги повикуваме граѓаните доколку забележат ваква појава веднаш да пријават во најблиската полициска станица, како и на нашиот дежурен телефон 023073010 или на нашата официјална фан страна на Фејсбук, велат од Водовод.

Во прилог фотографии од заменетите сливници.