Корисниците на дел од улицата „Васил Ѓорѓов“ во Капиштец без вода

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека без вода утринава ќе бидат дел од корисниците на улицата „Васил Ѓорѓов“ во скопската населба Капиштец.

„На ден 17.01.2019 поради инцидентен уличен дефект од ф-100 мм на Васил Ѓорѓов 32 (нас.Капиштец), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:45 часот до завршување“, соопштија од таму.

Од јавното претпријатие додаваат дека едната страна од коловозот е затворена за сообраќај.