Слики кои ќе ве вратат во минатото - како се летуваше во Југославија

Убави времиња. Постарата генерација се сеќава на нешто убаво, нешто што никогаш нема да се заборави. 

Време, кога на луѓето им требаше многу малку за да бидат среќни, да бидат задоволни и исполнети. Време кога постоеше средна класа. Време кога речиси сите беа исти. 

Летувања кои никогаш не се забораваат. Слики скриени во една фијока од регалот, кои стојат и денеска. Се разгледуваат од време на време. Постарите знаат да опишат убаво, но помладите никогаш вистински не можат да го почувствуваат тоа.