Mиризливи ливчиња, брза географија, постери од „Cioe“, „Bravo“...Најубавите спомени од детството

Чистејќи низ детската соба наидов на кутија полна со спомени која ме наврати на детството кое го поминав играјќи безгрижно на нашата маалска улица..

Хит беше да имаш барбика на која и се виткаат нозете, собиравме миризливи ливчиња, салфетки, читавме Наш Свет, лепевме постери од „М&М“, „Cioe“, „Bravo“ (Spice girls, Backstreet boys...) често за летниот распуст игравме брза географија..Токму во оваа кутија ги пронјадов стрите листови испишани од моите другари...Разгледувајќи ги работите сфатив дека животот бил убав кога човек е безгрижен.