На петок 13-ти, сите патишта водат кон Subway каде што Bass Lab за првпат во Македонија ќе нѝ овозможи After Work Festival.

За сите вистински љубители на електронската музика кои сакаат да уживаат во добрите звуци во текот на целиот ден, на петок 13-ти од 17:00 па сè до 01:00 по полноќ, Bass Lab ќе ви овозможат да имате едно поинакво музичко доживување. 

Од Грција се најавени Shy Nee и MC Sensee (Infaderz Crew) кои овој месец ќе одбележат 20 години од своето постоење на Drum and Bass сцената и заедно со македонските артисти Kesko и Tactical Number (Bass Lab), како и Ogie ќе ви овозможат да уживате во разновидни сетови, почнувајќи од Drum and Bass и Jungle па сè до актуелните Neurofunk и Jump up траки проследени со оригиналните рага вокали на MC Sensee.