Расте бројот на кучиња скитници на скопските улици. Во Скопје има и до 8 илјади бездомни кучиња, а тој број е зголемен за уште седумстотини нови летово.

Од здруженијата за заштита на животните го обвинија градоначалникот дека е глув на нивните повици за дискусија за да се изнајде правилна политика на градот за справување со бездомните кучиња по улиците.

Скопјани се жалат. Велат им пречи миризбата која што се создава во центарот на градот од кучињата скитници, кои понекогаш напаѓаат. Бараат градот да ги згрижи бездомните животни.