Скопје потроши 10 милиони денари за кучињата кои касаа низ улиците

Пред два дена во Аеродром, кучиња скитници нападнаа домашен миленик и неговиот сопственик, по што реагирале од градското претпријатие „Лајка“ и затекнале нетретирани кучиња.

Проблемот со кучиња скитници долго време ги мачи скопјани, а од „Лајка“ за „Макфакс“ откриваат дека минатата година градот поторшил 10 милиони денари, односно 162.000 евра како отштета на граѓаните кои биле каснати од бездомни кучиња.

Иако од „Лајка“ откриваат дека од месец на месец постигнуваат рекорди во третирање кучиња, сепак очигледно е потребно друго решение за проблемот бидејќи граѓани секојдневно се жалат дека се нападнати од кучиња низ улиците на главниот град.