МВР информира дека синоќа во 18:40 часот во скопско Ново Село, уапсен бил 48-годишник од Волково поради тоа што со себе немал документ за идентификација, ни дозвола за движење, а исто така, се однесувал агресивно кон полициските службеници кои застанале да го легитимираат.
По целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.