Скап е студентскиот живот – колку чини живеењето и студирањето во Скопје

Студентскиот живот е еден од најубавите периоди од животот на еден човек. Неколу години кои секогаш остануваат запаметени длабоко во сеќавањата. На непреспиените ноќи додека се спремаат испитите, на дружењето, на колегите, на излегувањта. Ништо не се бара од тебе, само да учиш.

И се изгледа така убаво и волшебно. Оние кои се од Скопје речиси и да не го чувствуваат нешто многу студентскиот живот, но разликата со студентите од другите градови, особено оние од источна Македонија е многу голема.

Барајќи спас за себе и стремејќи се кон нешто повеќе многу ученици запишуваат факултет во Скопје. Единствен излез од местото каде што доаѓа, бидејќи во источна Македоија и речиси да нема некои идеални услови за живот, а особено за младите.

Студентски дом или пак стан под кирија. Тоа им се двете опции на студентите. Има и многу кои се одлучуваат да работат додека студираат, за да можат да ги покријат сите трошоци.

Студентите вложуваат илјадници евра во нивното образование, надевајќи се дека ќе добијат пристојна работа со која ќе им излезе „есапот“. 

Според направените истражувања сумата која ја трошат студентите кои живеат и студираат во Скопје достигнува до 4.000 евра за 4 години за сите нивни потреби. Со зголемувањето на цените на храната, горивото и други секојдневни трошоци, оваа сума во изминативе две години е зголемена и изнесува над 6.000 евра. Тоа значи дека една година студии во Скопје изнесува над 2.000 евра, заедно со сите трошоци.