Синот убиец од Драчево бил пуштен од психијатрија непосредно пред убиството - Таткото се плашел за својот живот

Скопјанецот А.П. којпред два дена го уби татко си во Драчево, бил со нарушено психичко здравје и лекуван во психијатриската болница „Скопје“ лоцирана во Бардовци, дознавс „Скопје1“. Според нивните извори убиството го извршил по шест дена откако бил пуштен дома, а таткото, стравувал дека може да биде убиен, па се жалел и на пријатели.

„Скопје1“ стапи во контакт со сведок, запознаен со случајот, кој имал комуникација со сега убиениот. Според него, таткото прво одбивал да го земе син му зошто бил сигурен дека не бил во добра психичка состојба. Додава дека откако секој ден добивал повици, се предомислил. Според информации на „Скопје1“ , таткото бил убиен со убодни рани и во главата. „Скопје1“ поседува и листа од повици, за кои сведокот тврди дека се разговорите кога сега убиенот побарал помош.

„Синот се лекуваше на Психијатрија и минатата година. Неколку месеци беше добар, а во октомври, пак го сместија. Меѓутоа, во меѓувреме му се јавуваа на таткото, му кажуваа дека е добар и да дојде да го земе. Тој се сомневаше во тоа и бараше повеќе информации. Кажуваше на пријатели дека на персоналот му објаснувал дека син му не е излечен, дека треба подолг третман – но тие упорно му ѕвонеа за да го земе. Неколку дена не им креваше телефон, а на крај рече: ‘син ми е, ќе одам да го земам, па што сака нека биде, иако знам дека може да ме утепа’. Кажа дека тоа им го посочил и на докторите. Меѓутоа, од неговото кажување, некоја докторка (името е познато на редакцијата), настојувала да го земе под изговор дека е добар“, вели лицето кое имало контакт со покојниот, чиј идентитет е познат на нивната редакција.

Целиот тест прочитајте го на Скопје1 со клик ТУКА.