Обид за убиство во Скопје - Кривично ќе се гонат пет лица

Пет лица кривично ќе се гонат за инцидентот што се случи на Бит Пазар во кој беше прободено едно лице. 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Е.(31) и Х.Е.(49), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ и против И.Е.(28), Б.Е.(23) и Ј.Б.(21) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „соизвршителство“, извести полицијата. 

На 08.03.2024 на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање во сообраќајот помеѓу М.А. и петтопријавениот Ј.Б., пријавените физички го нападнале оштетениот, при што првопријавениот С.Е. со нож му нанел убодни рани, соопшти полицијата.