Синдикатот бара вработените во градинките со договори на определено мора да имаат приориотет

Вработените во градинките со договори на определено мора да имаат приориотет при трајните вработувања.

Вака Мултиетничкиот синдикат за образование го коментира случаотј  кога 8 вработени во градинката Димче Мирчев во Велес останаа без работа. Им било кажано дека договорите за работа им истекле и нема да бидат продолжени.  Од Синдикатот  велат дека МТСП треба да најде начин да ги задржи овие лица, кои веќе имаат знаење и искуство за работната позиција. 

Од МТСП  пак се оградуваат од одговорност за случајот. Ја префрлаат топката на општините. Велат дека министерството може  да обезбеди само согласност за вработување односно за работна позиција,  а не и да гарантира вработување.

Самите вработувања одат преку општините. Согласностите од МТСП и МФ се даваат за работни позиции, не за конкретни лица.

Претходно Министерството соопшти дека добило согласност за вработување на неопределено време на 226 лица во градинките и дека работните места на овие луѓе се конечно сигурни.

Од општина Велес пак не успеавме да добиеме одговор. Градоначалникот не беше достапен за коментар.

Од ССМ велат дека Законот за работни односи мора да се смени. Договорите на определено треба да важат само за некои сезонски занимања а не за позициите кои траат цела година. На овој начин ќе се зголеми сигурноста кај работниците а ќе се избегнат притисоците и уцените.