Магнезиумот е најважниот минерал за човекот, затоа што учествува во повеќе од 300 процеси кои се одвиваат во телото.

Тука спаѓаат забрзувањето на метаболизмот, ослободување на енергијата од храната и создавањето на протеини. Без сите овие функции, телото не би работело правилно.

Магнезиумот делува само ако е во соодветна рамнотежа со калциумот и тој однос е посебно важен за да не се доведе до раздразливост, слабо функционирање на клетките во телото или во најлош случај нивно изумирање.

Сепак, ако забележите повеќе од следниве симптоми, ви недостасува магнезиум во телото:

Главоболка, мигрена, замор, вртоглавица, поспаност, нервоза, раздразливост, болка во мускулите, грчење на мускулите и губење на апетитот се најлесно воочливите симптоми.

Телото не може само да произведе магнезиум, па затоа е многу важно да му ги овозможите неопходните количини.

Кај возрасните луѓе, тоа се 300-400mg, а бројката можете да ја задоволите ако секојдневно пиете 3-4 dcl природна минерална вода која содржи магнезиум.

Поголема количина на магнезиум им е потребна на бремените жени, доилките, спортистите и луѓето со срцеви заболувања.

Храна која е добар извор на магнезиум:

Зелен лиснат зеленчук (спанаќ, блитва), јаткасти плодови, семки до тиква, сончогледови семки, пиперка, смоква, банани...