Сигмунд Фројд: Кога детето добива љубов и поддршка, тоа зрачи со таква енергија во текот на целиот свој живот

Колку и да пишуваме или дебатираме, сите кои имаат деца ќе се сложат дека тоа не е воопшто едноставна задача.

Photo by Nathan Dumlao on Unsplash

Иако уживаме во нивните мали гестови, нивната наивност, несебична љубов и слатки моменти, сепак како родители знаеме дека мораме да сме тука за нив, со сета љубов и поддршка кои им се потребни.

Веројатно веќе сте слушнале од вашите родители кога велат: Мали деца – мали грижи, големи деца – големи грижи. Тоа значи дека теоретски можеби знаеме што е најдобро, но различни ситуации и настани бараат соодветен одговор кој ќе овозможи квалитетен развој на детето.

Познатиот педагог Марија Монтесори вели: Ако на детето постојано сте му поддршка во различни моменти од животот, тоа станува самостојно и верува во себе. Од друга страна пак, постојаната контрола, негативни емоции од страна на родителите, непријателскиот став може да направи личност која и како возрасна тешко успева да се носи со предизвиците кои доаѓаат.

Според Сигмунд Фројд, ние можеме долго да зборуваме, да ги советуваме и да им држиме лекции на децата, но тие гледаат и учат од нашите искуства. Тие учат за светот, од самите нас. На детето можете да му дадете сета љубов на светот, но тие исто така гледаат како се однесувате кон својот партнер, кон своите пријатели, соседите, па дури и непознатите луѓе кои ги среќавате на улица. 

Според него, детето кое расте во мирна средина и родителска љубов, може да израсне во самоуверена личност која има потенцијал да живее среќен и исполнет живот.