Што треба да направите доколку на улица видите змија? 

Летото покрај годишниот одмор и безкрајно богатите програми со журки и културни настани, со себе носи високи температури кои ги повикуваат влечугите да излезат од своите скришни места и да се раздвижат низ градските улици.

Така, в лето воопшто не е чудно ако патот ви го пресече змија.

Што треба да направите доколку на улица видете змија? 

Најпрво, важно е да знаете дека не треба да паничите. Дури и според биологот од „Бео зоолошката градина“ од Србија, Кристијан Овари, змиите кои најчесто се присутни во градските средини се безопасни и нема потреба од паника. Така што, доколку се пронајдете себеси во ситуација каде очи в очи се гледате со некој смок или друга змија, издишете длабоко и запамтете да останите смирени!

Во градска средина најголеми се шансите да се сретнете со смок. Тој сака да живее во подруми, напуштени згради, карпести предели, односно секаде каде има глувци. Тој се храни со мали животни и речиси е безопасен кон луѓето, освен ако е вознемируван. 

Според биологот, доколку видите смок нема потреба од паника. Можете едноставно да го заобиколите или доколку сте премногу исплашени со метла да го поместите настрана. 

Смоковите се безопасни, не се отровни и не напаѓаат, нема причина да ги убиете. Најчесто ако ве заприметат самите ќе се тргнат од страв. 

Така што запомнете: доколку видите смок, не паничите!