Змија се појави во студентскиот дом „Стив Наумов“

Студентите кои престојуваат во домот „Стив Наумов“ денеска беа изненадени од неочекуван посетител.

Имено, според објавите што некои од нив ги споделија на социјалните мрежи змија се појавила пред една од бараките на студентскиот дом. Студентите кои со затоплувањето на времето започнале да ги отвораат прозорците од своите соби, стравуваат дека во летниот период би можеле да добијат несакан цимер.

Некои од нив сметаат дека причината за појавување на змија во непосредна близина на влезот на една од бараките, е неискосената трева во дворот на студентскиот дом. Инаку, змиите не се се единствен проблем кој ги мачи студентите од „Стив Наумов“. Пред одреден период во домот се случи поплава во третата зграда на студентскиот дом. Проблемот настанал поради долгогодишна занемареност на одржувањето на зградата.

Студентскиот дом е лоциран во населбата Автокоманда и е составен од три згради и 8 павиљони.  Важи за еден од најзапоставените студенски домови во државата и функционира во субстандарнди услови. Првите две згради се изградени во 1964 , додека третата зграда е изградена во 1992 година. Пред неколку години, во употреба беа пуштени новите павиљони кои никнаа на местото на старите бараки. Во нив се смета дека има најповолни услови за престој на студентите, за разлика од останатите делови за кои студентите во многу наврати се жалеа дека има екстремно лоши услови за живот.