Многу мајки би рекле дека чувството да се биде мајка е едно од најубавите работи во животот.

Во книгата „Диви мајки“, биологот Карин Бондар се обидува да го истражи мајчинството во природата, споделувајќи ги начините како мајките во животинското царство се справуваат со оваа огромна улога.

Предизвиците се големи за секоја мајка. Особено во дивината, мајките мораат да се грижат за своите деца, да ги чуваат од предаторите и да обезбедат храна за нив. За горилите и лавовите, опасноста доаѓа дури и од аамата заедница, со оглед на тоа дека доминантните мажјаци често ги убиваат децата, поради тоа што тие би можеле да ја преземат главната улога во групата.

Во својата книга, Бондар  ги пренесува различните аспекти на мајчинството – од делфините кои ги учат своите новороденчиња да пливаат (и дишат), до лавовите кои живеат во групи и до најзаштитничкиот однос кој горилите го имаат кон своите новороденчиња.  Таа вели дека кога мајките би се споредиле со некои од животните во дивината, би сфатиле дека нивнотои мајчинство не е толку тешко.

За пример, жените слонови се бремени цели 2 години, а потоа штом го родат своето бебе, тоа многу често се раѓа мртво, поради долгиот период на носење. Исто така, хиените ги раѓаат своите деца преку т.н. псевдопенис, така што нивното породување е многу тешко и дури 30% од хиените умираат при породувањето. Ова е една од најголемите мистерии за биологијата на хиените.

За мајките мајмунки, тие мораат постојано да се со своите деца, и не само тоа – уште од најрана возраст тие мораат да ги научат на вештините за преживување.

Исто така, во морскиот свет, многу мајки мораат да донесат тешки одлуки (особено оние кои живеат во пределите со северни клими)  со оглед на тоа што на нивните новороденчиња им е потребно да останат во топло во текот на зимата. Често, овие мајки се принудени да се откажат од своите деца.