10 работи кои сакам да и ги кажам на својата мајка

Секоја мајка е посебна на свој начин, но јас верувам дека мојата мајка е најдоброто суштество на овој свет. 

Сепак, често сме заглавени во својот свет, така што забораваме да им кажеме на оние кои ги сакаме колку многу ни значат. Јас ретко и ги кажувам овие работи на мојата мајка, ни би сакала да ги знае.

  1. Колку се убави јадењата кои ги готви за нашето семејство и колкава среќа ми носи неделниот ручек кој го имаме заедно.

  2. Сета поддршка и љубов кои ми ги дава целиот живот дури и кога сите други беа против мене. Таа ме научи на емпатија, љубов и поддршка за нашите сакани.

  3. Таа е најсилната жена која ја познавам. 

  4. Жал ми е за сите оние мигови од детството кога сите врескавме мамооо во исто време.

  5. Сите насмевки пред одење на училиште, убавите ужинки и колачиња за на школо.

  6. Секој пат кога моето срце беше скршено на парчиња, таа ми покажуваше дека ќе биде добро. И, навистина испадна добро.

  7. Веруваше во мене кога се запишував на факултет и сите оние тешки испити.

  8. Тука беше кога ја добив работата од соништата.

  9. Тука беше на денот на мојата свадба и сите подготовки и мои нервозни моменти пред тоа.

  10. Тука е секогаш за сите мои падови и успеси. Ја сакам бескрајно!