Изминатите пет години се најжешките во историјата, а декадата 2010-2019 е најтоплата декада од кога постојат сигурни и редовни мерења на температурата. Од осумдесетите, секоја следна деценија е потопла од претходната.
Инструменталните мерења, зачестеноста и наглите климатски промени, како и промените во однесувањето, во миграциските и репродуктивните навики на многу животински и растителни видови оставаат малку простор за толкување: климатската криза е неодминлив факт.
Научната заедница моментално е едногласна во посочувањето на човечките активности како одговорни за климатската криза, особено поради зголемувањето на стакленички гасови кои се ослободуваат во атмосферата. Концентрацијата на стакленичките гасови во атмосферата достигна рекордни нивоа, така да емисијата на јаглерод диоксидот е зголемена за 147%, на метанот за 259%, а на азотен оксид за 123% во споредба со прединдустриските нивоа.
Овие климатски промени ги зачестуваат поплавите, сушите, хидрогеолошката нестабилност, ширењето на болестите, кризата на земјоделските системи, кризата со вода и исчезнувањето на видовите.
Не можеме повеќе да чекаме, мораме да го смениме курсот.