Секогаш зборувајте за работите кои ги сакате!

Љубовта не е слаба, бедна или нежна. Љубовта е позитивната сила на животот.

Љубовта е причина за сѐ што е добро и позитивно.

Сѐ што сакате да бидете, да правите или да имате – произлегува од љубовта.

Позитивната сила на љубовта може да создаде многу добри работи, да го подобри животот и да ги промени негативните работи во вашиот живот. Во животот човек ги добива работите што ги дава. Без оглед на тоа дали вашите мисли се добри или лоши, тие автоматски и прецизно ви се враќаат како ехо.

Луѓето кои водат среќен живот размислуваат и зборуваат за она што го сакаат повеќе отколку за она што не го сакаат.

Додека зборувате за тешкотиите за пари, врски и слично, вие не зборувате за она што го сакате. Кога зборувате за лошите работи кои сте ги чуле на вести, за луѓето кои ве нервираат и ситуациите кои ве фрустрираат, вие не зборувате за она што го сакате.
Кога зборувате за напорниот ден, за тоа како сте задоцниле некаде или сте го промашиле автобусот, вие зборувате за она што не го сакате.

Секој ден се случуваат многу работи, ако се фокусирате само на она што не го сакате, секоја од тие ситници ќе ви донесат уште повеќе маки во животот.

Зборувајте за добрите вести. Зборувајте за она што го сакате. Така ќе привлечете добри работи во вашиот живот.

Зборувајте за состанокот кој завршил добро. Зборувајте за тоа како сакате да стигнете на време. Зборувајте за тоа колку е добро тоа што сте здрави. Зборувајте за позитивните ситуации и средбите кои сте ги доживеале.

Имате неограничена способност да мислите и да зборувате за она што го сакате и поради тоа имате неограничена способност да ги привлечете сите добри работи на овој свет.

Сакајте, затоа што кога сакате, тогаш ја користите најголемата сила во Универзумот.