Сеча на дрва во Карпош - граѓаните гневни и револтирани (фото+видео)

Во Карпош 4, се спроведува голема сеча на дрвата, а граѓаните оправдани се изреволтирани.

Револтирани и гневни граѓани ни ги испратија овие слики и ги повикуваат своите соседи со жив ѕид да го бранат зеленилото во Карпош 4.

Фотографиите сведочат дека на очиглед на јавноста, општина Карпош го уништува зеленилото.

Од друга страна, познато е дека нема смена на ДУП-от и дека на ова место не е планирано нешто да се гради, па сечата да биде оправдана.