Се запали автобус пред преминот Стража

Денеска околу 11.25 часот се запалил патнички автобус пред патниот премин Стража.

- На 01.09.2023, во 11.25 часот на бесплатниот број за итни повици 112 е добиена пријава дека пред патниот премин Стража е запален патнички автобус кој се движел на редовната линија Скопје - Охрид, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Операторот од 112 веднаш ги известил МВР - СВР Тетово и ТППЕ Гостивар. Гостиварските пожарникари итно излегле на лице место и го изгаснале запалениот автобус.

- Нема ниту еден повреден патник, објави Ангелов.