22-годишник со „мерцедес“ излета кај Стража

Млад возач со „мерцедес“ излета кај Стража. Во несреќата се повредени две лица. 
На 12.02.2023 во 22.55 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Гостивар, на превојот „Стража“, патничко возило „бмв“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.У.(22) од с.Поповјани, кичевско, излегло од коловозот и удрило во заштитна ограда, соопшти МВР. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот Д.Н.(19) од Кичево, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид и Медицинскиот центар во Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.