Се урива старо „Беко“ (видео)

Со огромна машина и голема бучава се урива старата зграда на некогашно „Беко“ на улица „Даме Груев“ во центарот на Скопје, пренесува Плусинфо.

Насобраните граѓани со тага гледаат како се урива уште едно обележје на некогашно Скопје.

Инаку, пред извесно време уривањето беше стопирано од градежните инспектори на општина Центар откако било увидено дека била почната постапка за уривање без одобрение.

На истото место ќе се гради нов комерцијален објект, П+6, според постоечкиот Детален урбанистички план.