Богдановиќ: Терасите на кејот се следни за уривање

Општина Центар покрај во Дебар Маало ќе урива нелегални летни тераси и низ останатите делови од општината. Градоначалникот Саша Богдановиќ вели дека имаат издадено решенија за отстранување на летни тераси и на Кеј 13 Ноември, улица Македонија, во ТЦ Буњаковец и во Капиштец.

„Одиме по ред. Откако ќе завршиме со Дебар Маало продолжуваме на другите локации за кои имаме издадено решенија поради отстапувања од Правилникот за поставување летни тераси. Сопствениците на дел од објектите веќе сами почнаа да ги отстрануваат нелегалните тераси. Во фаза е и поништувања на одобренијата кои дел од кафеанџиите ги добиле, а граделе спротивно од нив“, рече градоначалникот Богдановиќ.

Богдановиќ денеска најави дека летово Општината комплетно ќе реконструира 10 улици. Покрај поставување нов асфалт, ќе се поставува и нова атмосферска канализација. За реновирањето на улиците од буџетот на Општината се одвоени 2 милиони евра.