Се реконструираат две улици во општина Бутел

Вчера започна целосната реконструкција и санација на нови две улици во населеното место Визбегово.

Овие улици за првпат ќе добијат асфалт по машинското гребење и поставување на нов тампон. Ќе се постават и сливници на соодветни места со што ќе се надмине проблемот со поплавување на домовите при обилни дождови.

- Градежнто лето се одвива со силна динамика. Запазени се сите рокови и ветувањата кон граѓаните. Ова се улици кои се дел од новата голема акција со асфалтирање на улици на цела територија на општина Бутел. Опфатени се над 25 улици улици кои за прв пат ќе добијат асфалт, информира градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски.