Општина Бутел ќе добие нова детска градинка

"Општина Бутел ќе добие нова детска градинка во Бутел 2", ова вчера на неговиот Фејсбук профил го сподели градоначалникот Дарко Костовски.

Според него проектната документација се очекува да биде готова до крајот на 2023 година а самиот проект ќе се реализира до крајот на 2024 година.

Ова се должи на амандманот кој поминал во собранието благодарение на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се со цел изградба на новата детска градинка во населеното место Бутел 2.

Костовски напиша дека откако е тој градоначалник во Општина Бутел ќе бидат изградени две нови градинки во период од 3 години мандат нешто што се нема случено никогаш во општината.