Се преврте трактор во виничко, возачот тешко повреден

Вчера во 12.30 часот во ОВР Виница било пријавено дека во атар на село Лаки, виничко, при транспорт на дрва со трактор, С.Ѓ.(71) од Виница се превртел со тракторот и се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Штип.

Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Виница.