Револтирана скопјанка: Чекаме со недели, грејна сезона си тера, БЕГ имаат мораториум на приклучоци

БЕГ грејната сезона во Скопје годинава ја започна порано од предвиденото поради ниските температури. Но, има и граѓани кои реагираат на бавноста во работата на „Балкан Енерџи Груп“ кога станува збор за приклучок. 

Револтирана скопјанка го искажа својот став по повод мораториумот на БЕГ за приклучоци кој ќе трае до понеделник.

Ви го пренесуваме нејзиниот став во целост. 

„И како што е нормално во нашево ни државиче пак треба да молиш за свои пари. Доаѓа грејна сезона, нали дете имаме сега и треба да се приклучуваме на парно и поштено 4 недели пред грајна сезона идеме во БЕГ да потпишеме договор и да платиме за приклучок. После две недели се јавуваме да прашаме кога да ги очекуваме, зошто помина време, добивме инфо дека имаат многу работа и на информации не можат да знаат, па ни дадоа некој фиксен број од одговорното лице и мејл да пишеме за да ни одговорат. Еве после три недели од тој разговор ниту одговор ни било каква информација, јавување секој втор ден цело време одговорот е НЕ знаеме. Грејна сезона си тера, фирмиштето БЕГ нема капацитет да постигне, за денес да не израдуваат дека си донеле одлука за мораториум на приклучоци до понеделник, да им се стабилозирала мрежата. За секој приклучок требало да испуштаат вода од цела зграда и според Трајче од информации такви имало Х згради, така до Нова Година надежно е дека ќе не приклучат.........е тоа е фирмиште“, пишува млада скопјанка.