БЕГ: Нормализирана испораката на топлинска енергија во дел од Аеродром, каде утрово немаше парно греење

Екипите на „Балкан енерџи“ интензивно работеле на санација на дефект на вреловод во општина Аеродром, поради кој во утринските часови станарите од повеќе објекти не добиле навремена испорака на топлинска енергија, се наведува во соопштение на БЕГ.

Од компанијата истакнуваат дека поправката на дефектот е завршена во најбрз можен рок, односно дека од 13 часот, нормализирана е испораката на топлинска енергија за потрошувачите.

Поради дефект на вреловод во утринските часови навремена испорака на топлинска енергија не добија објектите на следниве адреси:

– Булевар „Јане Сандански“ број 24, 26, 30, 32, 34, 36, 38, 40, 48, 50, 54, 56, 58, 60, 62, 70, 72, 74 и 76
– Улица „Васко Карангелевски“ ББ
– Улица „3 Македонска бригада“ број 45 и 47
– Улица „1615“ број 4, 10, 12 и 16