Реконструкција на водоводна линија кај Усје

Екипи на ЈП „Водовод и канализација“ деновиве работат на реконструкција на стара и дотраена водоводна линија кај Усје.

Старите цевки со профил ф160 се менуваат со нови со профил ф 200, по што ќе се решат честите проблеми со водоснабдувањето во овој регион.