Реконструкција на улици во Општина Илинден

Општина Илиден почнува со реконструкција на краците 4 и 5 од улица „8“ во населеното место Миладиновци, кои се во должина од 300 метри објави градоначалникот Александар Георгиевски.

Според него овие улици биле во исклучително лоша состојба и граѓаните имаале потешкотии во извршувањето на нивноте секојдневни активности.

За Георгиевски инвестирањето и подобрувањето на патната инфраструктура е еден од главните приоритети во работењето на локалната самоуправа каде што во наредниот период ќе се продолжи со квалитетна инфраструктура, со цел да се обезбеди квалитетни услови за живеење на граѓаните.