Куку Леле ќе настапат на новогодишниот базар „Патека на радоста“ во општина Илиден

Во рамките на новогодишниот базар „Патека на радоста“, кој од завчера се одржува во спортско рекреативниот центар во Марино, општина Илинден, денеска со почеток во 17 часот е предвидена детска програма, а во 19 часот ќе настапат „Куку Леле“, информираат од општината.

Новогодишниот базар „Патека на радоста“, кој од завчера беше отворен, ќе трае до 30 декември. Базарот е организиран од општината во соработка со општествено одговорни компании.

- Базарот кој вторпат се одржува во општина Илинден, покрај интересни подароци за претстојните празници, им нуди на граѓаните и богата музичка програма. Жителите во текот на овие четири денови имаат можност во рамки на Новогодишниот базар да уживаат во одлична храна и топли пијалаци, дружење со Дедо Мраз, детска програма, забавувачи и изведувачи, програма за секоја возраст, известуваат од општината.

Првиот ден на новогодишниот базар за најмладите имаше детската програма, а потоа и со настап на Ѓоко Јовиќ и Енерџи Бенд. Вториот ден покрај детската програма, настап имаа и Андреј Цаневски и Игор Стојанов-Баркли, а за утре во 19 часот посетителите ќе имаат можност да се забавуваат со настапот на музичките изведувачи Пајак и Лара.

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by @patekanaradosta2023