Реконструирана улица „Багдадска“

Комплетна реконструкција за улицата „Багдадска“ во скопската населба Тафталиџе, во Општина Карпош. Уличката која со години ги мачеше локалните жители, конечно ќе биде реконструирана.

Потегот од 50тина метри кој поради неразрешена сопственост со години беше кал’лив  сокак ќе се претвори во улица која ќе ги поврзува двата паркинга во населеното место попознато кај Скопјани како Млечен. Инаку од Општина Карпош најавуваат реконструкција и на улица „Алжирска“, која се наоѓа во непосредна близина. Во рамки на истата месна заедница, реконструкција е во тек и на улицата „Борка Талевски“, на потегот од Романската амбасада во правец кон Католичка Црква. 

nike air max 1 sale