Распродажба во УЈП: На јавна аукција околу 85 предмети по багателни цени

Управата за јавни приходи на 27-ми април ќе одржи јавна аукција на која ќе бидат понудени голем број движни и недвижни предмети по мошне примамливи цени.

Овој пат, на аукцијата се нудат околу 85 предмети, меѓу кои станови, градежни и земјоделски површини, автомобили, цистерни, куќен инвентар, компјутери, телевизори, машини, уметнички слики, солариуми и друго.

 Последен рок за пријавување на јавната аукција е 20.04.2018 година.

За да ја погледнете комплетната листа на предмети и цени по кои тие ќе се продаваат, кликнете тука.

air max 90 essential sale