УЈП распродава запленети возила

Управата за јавни приходи на 23 февруари годинава ќе одржи јавна аукција каде ќе се продаваат запленети возила и тоа автомобили, комбиња, товарни возила и цситерни.

Предмет на аукцијата, меѓу другото е и Опел Астра од 2000 година по цена од 120.540 денари, Форд Ка од 2001 со почетна цена од 190.000 денари, Мерцедес Бенз од 1999 година со почетна цена од 107.900 денари, Фиат пунто од 2001 година за 70.000 денари…

За да ја погледнете деталната листа на возила што се нудан на продажба, кликнете линк.