Комуналните служби на Општина Карпош во континуитет работат на отстранување на новонастанати депонии од отпад на своја територија. Така вчера исчистија уште една дива депонија, долж булеварот „8 – ми Септември“, во Тафталиџе 1.
По пријава на повеќе граѓани и Здружението на граѓани – Македонски центар за одржлив развој и конкурентност – Скопје (МЦОРК), хигиеничарите отстранија поголемо количесто на пластика, стакло и друг вид отпад.
Општина Карпош продолжува со секојдневната грижа за животната средина и расчистување на диви депонии по јавните површини.