Општински служби во Ѓорче Петров вечерва се на терен

По најавата за интензивни снежни врнежи во текот на ноќта, службата на Општина Ѓорче Петров вечерва се на терен. Веста на својот фејсбук профил ја објави градоначалникот Александар Стојкоски.

„Со возилото наменето за наноси од снег кое го набавивме минатата година, фрлена е сол на критичните точки на територија на општината. Опфатени ќе бидат мостот во Даме Груев кон Волково, патот до с.Кучково и кон населеното место Никиштане“, информираше Стојкоски на својот фејсбук профил.

Тој додаде дека Општина Ѓорче Петров е целосно подготвена за зимските денови и потенцираше дека неопходно е на ваков начин навремено да се делува од евентуално замрзнување на улиците, поради снегот во комбинација со ниските температури.

Службата ќе биде активна и во текот на ноќта и доколку се јави дополнителна потреба, веднаш ќе се интервенира на терен.