Пукал на семејна веселба, куршумот завршил во куќата на соседот

Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер, во 22.25 часот, во тетовска Брвеница го лишиле од слобода 43-годишниот Ј. Ј. од ова село затоа што на семејната веселба околу 21.15 часот било пукано со огнено оружје, при што еден заталкан проектил завршил во куќата на 81-годишниот соселанец С. Т.

Куршумот причинил оштетувања на дел од објектот. Нема повредени лица, извршен е увид, а Ј. Ј. е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.