Првите туристи споделуваат искуства: Грција ги качи цените на услугите на плажите

Во Грција порано за да добиете лежалка беше доволно на плажите да купите кафе или вода или некој сок, а сега тие времиња дефинитивно се минато.

Повеќето популарни плажи на Тасос, Халкидики и јонскиот брег почнуваат да наплаќаат лежалка одделно. Така, ќе си го платите пијалокот посебно, а лежалката зависи од положбата, од 5 до 12 евра.

За оние во прв ред се плаќа и по 50 евра.