Првиот фан шоп на МЗТ Скопје отворен во Спортскиот Центар Јане Сандански

По првиот фан шоп на Вардар, и прва продавница од овој тип во земјава, денеска во Спортскиот Центар Јане Сандански се отвори и вториот фан шоп, овој пат на МЗТ Скопје Аеродром.

Продавницата се наоѓа во западниот дел од спортскиот центар. Истовремено, ќе функционира и како “Спорт М Аутлет”.

Фановите веќе се во новата омилена продавница и ги бираат омилените сино-бели парчиња облека, капи, шалови, чаши и уште многу други производи со логото на МЗТ Скопје.

Од денеска 17-ти август, па се’ до 21 август сите посетители добиваат 20%попуст на целиот асортиман!

На настанот присуствуваат и кошаркарите на МЗТ Скопје и неговата управа.

air max 90 essential sale