Кошаркарите на МЗТ нападнати во Чаир

Вчерашниот натпревар помеѓу Чаир 2030 и МЗТ Скопје e беше прекинат на полувремето и повеќе не продолжи.

На полувремето, на пат кон соблекувалните, кошаркарите на актуелниот македонски шампион биле нападнати од непознати лица, а бил нападнат и тренерот на МЗТ.

Револтирани од ваквиот развој на настаните и недоволната безбедност кон нив кошаркарите на МЗТ одбија да го продолжат натпреварот.

„Натпреварот на гостински терен кај Чаир 2030 е прекинат по нападот на неофицијални лица врз нашите тренери и кошаркари во соблекувалната за време на полувремето. Во моментов најважно е здравјето и безбедноста на нашите момци, а повеќе детали за инцидентот очекуваме во текот на утрешниот ден!“, се вели во соопштението на МЗТ Скопје.

Првото полувреме заврши со водство на МЗТ Скопје со 44:42.