Простете си себеси за сите оние времиња кога ја заборавивте својата вредност

Простете си себеси кога се чувствувавте лошо бидејќи сакавте некого повеќе одошто бевте сакани. Простете си за сите оние мигови кога прифаќавте помалку отколку што заслужувате бидејќи не сакавте да ја изгубите таа личност.

Простете си себеси кога се плашавте од осаменоста, мислејќи дека таа е полоша од тоа да се биде во лоша врска. Простете си и за сите оние моменти кога не ги послушавте советите на своите најблиски, мислејќи дека знаете подобро, дека е вистина тоа што го чувствувате.

Луѓе сме, правиме грешки постојано. Таков е животот, така знаеме дека сме живееле.

Мораме да си простиме себеси и за оние мигови кога си го кршевме сопственото срце поради друга личност. И тогаш кога мислевме дека можеме да промениме некого давајќи многу повеќе од тоа што го добивавме.

Затоа, наместо да се обвинувате себеси што сте се обиделе, дајте си аплауз. Немојте да бидете тажни, бидете горди. Бидете горди бидејќи сте бестрашни и храбри и се борите за тоа што го сакате. Не е ваша вина како се однесуваат луѓето од другата страна.

Простете си себеси за сите оние моменти кога заборавивте колку вредите. Така никогаш немаше да сфатите што заслужувате.