Научете да се почитувате себеси, а другите ќе го следат вашиот пример

Научете да се почитувате самите себеси такашто нема да го занемарувате фактот како другите се однесуваат со вас. Доколку ве почитуваат и ценат ќе знаете дека тоа се луѓе кои треба да останат во вашиот живот, но доколку не го прават тоа, значи дека е време да ја замените својата екипа и да побарате подобри искуства во близина на други луѓе. Научете да се почитувате себеси такашто нема да наоѓате оправдувања на луѓето кои имале лош ден, па ете морале да го уништат и вашиот. Тоа се слабаци кои не умеат да им дозволат на другите да се чувствуваат добро кога на нив не им е добро.

Научете да се почитувате себеси па нема да се плашите да бидете поинакви од другите. Кој ви рекол дека морате да бидете исти? Како тоа ќе донесе додадена вредност на вашиот живот? Единствено сигурно е дека тоа е пат кон внатрешно чувство на незадоволство.  Научете да се почитувате себеи такашто ќе почнете повеќе да размислувате за вашата животна смисла, да сфатите дека не сте само случаен минувач, да се запрашате што е она што вие можете да го донесете на овој свет, кој оган гори во вашето срце, да размислувате за вашите цели и да сфатите дека никој освен вас не може да ве одведе кон нивно остварување. 

Научете да се почитувате себеси такашто нема да ја спуштате цената на сопствената вредност, постојано бидувајќи достапни на другите, па на крајот разочарано да сфатите дека сте биле измамени и искористени. Научете да се почитувате себеси такашто ќе ја кажувате вистината и ќе ја барате од другите. Сите маски кои влегуваат во вашиот живот, дури и маските на луѓето кои се нарекуваат ваши пријатели, ќе ги земате со резерва додека не се покаже кој навистина стои зад она што го кажува. 

Научете да се почитувате себеси такашто ќе ги пронајдете оние луѓе кои знаат дека не сте совршени, но се однесуваат со вас како да сте и така и вие ќе се однесувате со нив. 

Научете да се почитувате себеси, а другите ќе го следат вашиот пример!