Пронајдено телото на 29-годишникот кој исчезна кај браната „Глажња“

Телото на 29-годишниот Ф.Р. од село Никуштак денеска е пронајдено и во тек е неговото извлекување.

На 30 јули во попладневните часови во Центарот за управување со кризи (ЦУК) - Куманово било пријавено дека маж влегол во водата на езерото, по што му се губи трага.

Шест нуркачи од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и осум други од Баталјонот за специјални намени „Волци“ интензивно го пребаруваа езерото во изминатите денови.