Потрагата по исчезнатиот 29-годишник кај браната Глажња сè уште трае

Потрагата по 29-годишното момче кое што минатата недела исчезна продолжува и денес на вештачкото езеро Глажња. Ова го посочи директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов кој рече дека се пребарува и под вода но и на брегот на езерото, а  со заеднички тимови ќе продолжи се до моментот додека не се најде телото.

Ангелов додаде дека видливоста е слаба, длабочината е голема, а нашите нуркачи нуркаат до 40 метри длабочина.

Директорот на ДЗС (Дирекцијата за заштита и спасување) Беким Максути рече дека денешниот ден и следните два се критични, за да биде потрагата успешна, за да се заокружи една хумана мисија и да им се помогне на граѓаните.

Од Центарот за управување со кризи  претходно објавија дека се работи за маж со иницијали Ф. Р.