Нуркачи втор ден трагаат по 29-годишното момче во браната кај струмичкото селото Дрвош

СВР Струмица и денеска продолжува потрагата по М.П. (29) од струмичкото село Дабиле, кој пред два дена исчезна во водите на браната кај селото Дрвош.

По момчето трагаат нуркачи од МВР, но ори тоа лошиот терен и заматената вода во браната им ја отежнуваат потрагата, брифира портпаролката Александра Трајанова.

М.П.(29) од село Дабиле, струмичко, влегол во водите од браната во близина на село Дрвош, струмичко и не излегол. Случајот беше пријавен завчера во 13:30 часот во полицијата од страна на Итна медицинска помош половина час по инцидентот.