Програма за вработување на Allianz, Германија

Доколку барате предизвик и возбудлива работа или пракса во динамична околина, учествувајте во предизвикот за програмата за вработување АМОС на „Allianz“. Кандидатите се натпреваруваат во знаење за да станат дел од 18-месечна програма за тренинг во областа на информатичката технологија. Најдобрите кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Кандидатите треба да имаат диплома во областа на технологијата, инженерството, математиката и да знаат англиски јазик и барем уште еден јазик. Конкурсот за пријавување трае до 15 март.

Официјален повик.

Краен рок за пријавување: 15.03.2016