Професорка пред пензија: Интелигенцијата на моите ученици опаѓа од генерација на генерација - кој е виновен, општеството или родителите

Тешко е да се каже дека учениците денеска ни се со, се помала интелигенција. Мачно и страшно е еден просветен работник, родител тоа да го каже, а за жал кое е вистина, вели професорка по англиски јазик од едно скопско училиште.

Во последните неколку години се борам да ја прифатам вистината дека способноста на моите ученици опаѓа од генерација во генерација, дека се зголемува незаинтересираноста, концентрацијата се мери во секунда.

Помислувам – можеби тие се поразлични деца од гиманзиите!

Па тогаш се досетувам дека јас во ова средно стручно училиште работам веќе 22 години, и дека никогаш немам работено во гимназија па да ги споредувам со нив...

Помислувам – им се сменило друштвото, амбиентот им е различен, вредностите се поинакви. Тогаш се досетувам дека природата е сепак посилна од друштвото. Тинејџерот мора да биде бунтовен, полн со сонови, решен да го смени светот, убеден дека историјата ќе го запамети неговото име.

Помислувам – можеби е до родителите? Дали за време на воспитување имаат направена грешка?

Тогаш сфаќам дека родителите на моите ученици се само неколку години помлади од мене. Можеби имаат поминато низ тежок живот, сиромаштија, развид, пороци...

Живееме во време кога родителите имаат премногу обврски, кога се фокусираат на нешто друго. Барајќи подобра егзистенција, работат од утро до мрак, или пак се принудени да одат во странство, а тука да ги остават децата... Разводите веќе не се табу тему. Многу деца денеска не знаат каде точно им е домот, кај мама и нејзиниот нов сопруг или кај тато и неговата нова сопруга... На многу деца денеска им недостига љубов од страна на родителите, која наместо да ја даваат која е бесплатна, тие децата ги поткупуваат со пари. Им даваат колку треба и не треба, им купуваат скапи и брзи автомобили или мотори уште кога ќе станат полнолетни, никој не ги контролира, се со цел нели да бидат модерни родители...

Дали тоа е причината што ученците денеска се такви како што се?

Сакам да им се извинам на родителите што го кажувам ова, знам дека звучи страшно и нечовечки, но вие го имате тоа едно или пак две деца, а мене веројатно низ рака ми имаат поминато многу повеќе и јас не можам, а да не ги забележам тие промени кои се случуваат пред мои очи.

Секоја нова генерација е убедливо се полоша и полоша. Ниту слабата оценка, ниту укорот, ниту било каква закана не допира до нив. Професорите не се гледаат со исти очи како порано. Ниту се заинтересирани за учење ниту за надоградување.

Пред некој ден имавме писмена работа, да напишат која е нивата работа од соништата... И дознав дека тие немаат соништа, дека не мечтаат.

Едни пишуваат дека не сакаат да работат, тато има доволно пари, а други велат дека е многу рано да размислуваат за работа, а имаат речиси по 18 години.

Кој е виновен, јас постојано се прашувам? Дали ние како наставници, дали родителите, дали општеството во кое живееме? Зошто нашите деца денеска се доведени до овој степен?